За нас

МИЕЛЕ во Македонија

110 години на постојано еволуирање и иновација!

Miele започна како фамилијарен бизнис со производство на машини за преработка на млеко. Денес има подружници во 40 земји, но сепак никогаш не ја изгуби посебната нишка бидејќи и понатака претставува 100% фамилијарен бизнис. Денешното раководство на Miele е четвртата генерација на Miele и Zinkan фамилиите кои воедно се единствените акционери. Miele и понатака нуди производи и услуги наменети за дневните потреби на клиентите кои имаат врвен квалитет и се прилагодени за поединечните потреби на земјите каде е присутен.

Miele секој ден расте се повеќе.

Секој ден се повеќе клиенти ги купуваат Miele производите кои допринесуваат за леснотоја, луксуз и квалитет во нивните животи. Miele промовира напредок со секој изминат ден. Компанијата ја заснова својата стратегија за развој на реинвестирање на профитот во нови технологии. На овој начин Miele има постигнато значителни иновации и е секогаш чекор понапред. Секој ден Miele работи и се надминува себеси со цел на милиони луѓе да обезбеди беспрекорен квалитет на производите и модерен но долготраен дизајн. Miele гледа напред, во иднината, но останува лојален на принципите кои ги има од самиот почеток.

Био Доместик е претставник на Miele за Македонскиот пазар

Био Доместик е нова компанија која е “сестра” компанија на Био Медика. Био Доместик е компанија која ги продава Miele апаратите за домашна употреба воедно и апаратите за професионална употреба. Био Медика е присутна на Македонскиот пазар полни 18 години.

Соработката помеѓу Miele и Био Медика започна во 2000 година. Првата соработка се однесуваше на професионалните машини за дезинфекција. Со време, се повеќе луѓе ја контактираа Био Медика т.е. Био Доместик со барања за домашните апарати и конечно во 2009 Био Медика ја отвори првата Miele продавница во Македонија. Со квалитетот на Miele и компаниите Био Медика и Био Доместик се надеваме дека во иднина ќе имаме повеќе продавници во Македонија.